Легендата на фотографијата Томислав Петернек изложува во МАНУ

Вечерва (четврток, 25 јули) во 21 часот во галеријата на МАНУ ќе биде отворена фотографска изложба на Томислав Петернек . На изложбата ќе бидат прикажани 35 фотографии снимени за време на неговиот престј во Скопје во деновите на катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

tomislav peternek vo MANU

Овој настан е дел од проектот „Фотографијата – сведок или жртва“ кој го реализира Македонскиот центар за фотографија со финансиска поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија и Европската унија.
______________________

Томислав Петернек е еден од најпознатите фотографи од Србија. Се занимава со новинска, применета, рекламна, модна и подводна фотографија. Бил долгогодишен уредник на фотографија во НИН и акредитиран дописник при Министерството за информирање на Југославија од значајни фото агенции: Reuters, Eastlight, Contrast, UNICEF, Sygma. Од 1993 работи како слободен уметник. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија. Живее и работи во Белград.

You May Also Like