Лева Патика со нов материјал после 30 години

Неодамна, пред македонската јавност стана достапен новиот албум на Лева патика. Албумот е прв материјал од нив, по повеќе од 30 години и може да се најде на интернет за бесплатно симнување, или пак во ограничено некомерцијално издание.


Албумот е снимен уште во 1995-та година, но поради редица настани неговото издавање се одолговлекуваше дури до пред некој ден. Во 1995 година, албумот беше снимен онака како што се снимаше тогаш – аналогно и на ленти. Кога почна да се работи на песните по долгата пауза од 15 години, дел од лентите имаа изгубено од својот квалитет. Песните беа подложени на дополнителна дигитална обработка и по долгата и макотрпна работа, го најдоа својот пат до македонската публика. На албумот се наоѓаат осум нумери. Како негови изведувачи се појавуваат дел од оригиналните членови, односно, Гранит Таќи (вокал), Рамиз Јусуфи – Цики (клавијатури), Аљо Исмаили (бас гитара), Драган Грујевски (гитара), а како гостин се појавува Дино Милосављевиќ (тапани), како и Леана Таќи – Леа (вокал и пратечки вокал), ќерката на Гранит.

Лева патика се формираше во 1979-та година како резултат на спојувањето на музичките таленти од неколку истакнати скопски бендови. Првиот албум го издадоа во 1981 година, по склучувањето на договорот со реномираната издавачка куќа од Хрватска, „Сузи”. Легендарната „Неправда“ е повеќекратно сместена меѓу најголемите македонски хитови на сите времиња.

Линк за бесплатно симнување на албумот.

You May Also Like