Македонскиот рапер ЛД Пистолеро заедно со диџеј Гоце Саф во четвртокот во Баду Бар го промовираа својот нов сингл и видео запис за песната Еден Ден.
Оваа нова песна доаѓа само еден месец откако ова дуо ја преработи легендарната Чија си на Славе Димитров која беше искористена во рекламна кампања на Т-Мобиле. Музиката и комплетната обработка на Еден Ден е на Гоце САФ, текстот на Владимир Пешков (ЛД Пистолеро) а спотот го изработи Гоце Наумовски (Таззак Акабатов) со Ошав продукција.
Ова е една од најемотивните песни досега на овој македонски рапер посветена на неговата внука Михаела и за сите оние кои одбираат да ја напуштат родната Македонија и да бараат подобар живот во некоја друга земја во светот. Според реакциите на сите оние кои ја слушнаа Еден Ден и коментарите на youtube, песната успеа да допре длабоко до нив, да ги потсети зошто сите го напуштаат својот дом но и да даде надеж дека сето тоа еден ден ќе сопре.
Овој четврток ЛД Пистолеро заедно со диџеите Гоце САФ, Страјк и Чваре ќе настапи во летниот клуб Сектор 909 како најава за фестивалот Етика кој ќе се одржи на 3ти Август на плажата Парк во Охрид