„Ла Колони Волвокс“ и „Коза мостра“ вечерва на Антички во Охрид

Денеска (сабота, 10 август) во рамките на 12-то издание на Balkan music square во античкиот театар во Охрид со почеток од 21:30 концерт ќе одржат групите „ Ла Колони Волвокс“ од Македонија и „Коза Мостра“ од Грција. Влезот е слободен.

photo by maja argakijeva
photo by maja argakijeva

Група „Ла Колони Волвокс“ – Македонија

Групата „Ла Колони Волвокс“ постои од 2002 година и е насочена кон култивирање на акустичниот звук.
Во своето музичко истражување, допирајќи се посредно и непосредно со феноменот „world music“ продуцираше нов тип на музички израз, во кој мело-поетските мотиви од европското музичко наследство, суфи музиката и современите музички идиоми се вкрстуваат низ македонската вокална и инструментална традиција, резултирајќи со автентичен етно-глобален продукт во кој се инкорпорирани песни на македонски, окситански, француски, латино, англиски, турски, босански и други јазици.
Основната интегративна идеја е да се допре до суштината на трубадурската песна и нејзината универзална порака – љубовта.
Групата досега има издадено пет албуми, а настапила на голем број фестивали во странство меѓу кои и EXIT во Нови Сад, Србија.
Групата се состои од шест музичари: Сашо Гигов – Гиш – вокал, перкусии, Калина Велковска – вокал, перкусии, Предраг Икономовски – акустична гитара, вокал, Драган Стојковски – тамбура, укулеле, вокал, Ненад Неделков – тамбура, вокал и Гоце Наумов – перкусии, вокал.

 

Група „Коза Мостра“ – Грција

Коза Мостра, со својот настап на Евровизија 2013 во Малме (Шведска), стана еден од најомилените бендови. И покрај фактот што тие го освоија шестото место во финалето, тие успејаа да го освојат првото место во срцата на повеќето Европјани. Кога Илијас Козас, пејачот и фронтмен на групата, ја компонираше “Alcohol is free” пред една година, тој дури и не можеше да поверува дека насловот на неговата песна ќе стане симбол на слободата и оптимизмот.

Нивната исклучителна фузија на многу музички жанрови, вклучувајќи ска, балкански, рок, панк, инди, дури и ребетико (традиционална грчка музика), го позиционира Коза Мостра како бенд кој не е навистина далеку од врвот.
Во март оваа година, групата Коза Мостра, го издаде нејзиниот прв албум, насловен “Keep up the Rhythm”, во чија изработка, тие имаа чест да работат заедно со Пол Хитер, уметникот кој стои зад поголемиот дел од креативата на позната група Гогољ Бордело.
Групата Коза Мостра ја сочинуваат: Илијас Козас – пејач и гитара, Крис Калаицопулос – хармоника и вокали, Алекс Архонитис – тапани и волаки, Стелиос Сиомос – гитара, Василис Налмпантис – труба и Димитрис Христонис – бас.

Koza_Mostra

You May Also Like