Во Градската општа болница „8 Септември“- Ургентен центар (поранешна Воена болница) синоќа беше снимана сцена од најновиот игран филм на Светозар Ристовски „Лазар“.
Главните улоги во филмот им се доверени на Дејан Лилиќ, хрватскиот актер Ведран Живолиќ и Наташа Петровиќ, а во екипата се и Владо Јовановски, Тони Михајловски, актерите од Бугарија Красимира Кузманова и Александар Сано, хрватскиот актер Горан Навојец и Александра Балмазовиќ од Словенија. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Игор Тошевски, костимографи Катерина Колимбатовиќ и Невена Чакловиќ.
Филмот „Лазар“ финансиски е поддржан од Филмскиот Фонд на Република Македонија, од хрватскиот Аудиовизуелен центар, Националниот филмски центар на Бугарија, од СЕЕ Синема нетворк, Аризона дистрибјушн и од европскиот фонд „Еуримаж.
На снимањето присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.