Лазарополе одбележува 150 години од смртта на Ѓурчин Кокалески

Во организација на Црковниот одбор при црквата „Свети Ѓорѓија“ во Лазарополе денес (недела, 4 август) ќе биде одбележана 150-годишнината од смртта на Ѓурчин Кокале.

Lazaropole_panorama

По тој повод ќе биде одржана црковна служба, а потоа ќе биде поставена скулптура покрај неговиот гроб што се наоѓа до олтарот на црквата „Свети Ѓорѓија“. Ќе биде промовирана и поштенска марка и ќе се одржи научна трибина за животот и делото на Ѓурчин Кокалески.

Ѓурчин Кокалески (Лазарополе, 1775 – Лазарополе, 1863) е значајна личност од македонската историја, стопанственик, борец против насилниците, градител на цркви, заслужен за образованието, чувар на христијанството, заштитник од грчкото духовно влијание во овој крај…

Велел: „Да е проклет и афорисан кој не го сака својот род“.

Ова особено им го нагласувал на печалбарите со што ги опоменувал да не го заборават родниот крај. Ставајќи ги интересите на селото и на целиот мијачки крај пред личните интереси влегувал во сојуз со влијателни Турци и на тој начин успешно се движел низ прилично сложениот лавиринт на своето време. Се стекнал со големо богатство и слава, останал запаметен во преданијата и опеан во песните од овој крај.

You May Also Like