Лабаво Лавабо со преработка на “Niggas in Paris”

Одлична, генијална преработка на мега хитот на  Jay Z и Канје Вест, “Niggas in Paris” од страна на кавер бендот Лабаво Лавабо. Овие млади дечки кои веќе три години настапуваат низ Скопје, но и во внатрешноста. Работат и на авторски материјал, а нивниот прв сингл можеме да го очекуваме наскоро.

Лабаво Лавабо е кавер бенд кој постои од 2010 година. Бендот го сочинуваат: Бојан Филиповски (вокал, бас гитара), Виктор Филиповски (тапани), Дејан Михајловиќ (гитара) и Борислав Веселинов (саксофон).

You May Also Like