Ансамблот „Гоце Делчев” од Битола учествуваше на меѓународниот фолклорен фестивал во Јаши Романија и од таму се врати со две награди.
Во конкуренција од 20 ансамбли, освоија прва награда за изворна народна носија и трета награда за настап, кореографија и музика. Сертификати за успешна едукација добија уметничкиот раководител на друштвото, Бранко Жежовски и претседателот Стевче Пресилски.
извор:Тера телевизија