Алкос Салун на својот жив настап оваа вечер (сабота, 27 јули) ќе имаат специјална гостинка. Девојката која јасно покажа дека нашава земја има квалитетен женски рок глас. Девојка која е на нашата сцена повеќе од 15 години и за разлика од многу други не можете да ја слушнете на ниедно друго место освен на сцена.
Олд Скул ви го овозможува посебното задоволство да ја доживеете лично. Кристина Арнаудова од блиску, да ја видите во неа најпријатното рок издание, заедно со Алкос салун (Виктор Танасковски-гитара, вокал, Петар Лукиќ- пијано, Дамјан Даневски- тапани). Да пеете заедно со неа и да уживате во овие пеколно топли скопски ноќи. Вечерта ја отвараме во 22:00 часот.