Креативноста на струмичките матуранти и нивните професори

Со објавување на фотографиите од вкупно 36 професори вчера беше крунисан проектот на матурантите од струмичкото училиште „Јане Сандански“, на ден пред официјалната матурска вечер.

Вкупно 36 професори заедно со директорката на училиштето се фотографираа пред апаратите на нивните ученици иницијатори на проектот „Креативни матуранти“.

Фото-албумот на фејсбук е полн со насмеани лица фотографирани со реквизити кои го отсликуваат предметот што тие го предаваат. Овој проект за истакнување на креативноста на матурантите од струмичката гимназија и за промоција на самото училиште траеше 4 месеци.

Целата работа бараше многу труд, од идеја до комплетна реализација. Најголемо олеснување ни беше големиот интерес и позитивното расположение во врска со оваа наша навидум неостварлива идеја“, велат главните иницијатори.

Инаку учениците од СОУ „Јане Сандански“ уште во четвртокот го стартуваа караванот на славење на својата матура, со организираната предматурска забава за сите ученици и професори. Веќе наредниот ден беа дел од големиот проект Матурска парада којшто се организира во повеќе европски земји и во шест града во Македонија.


Креативни професори

албуми по класови:


IV-11

IV-10

IV -9

IV-8

IV-7

IV-6

IV-5

IV-4

IV-3

IV-2

IV-1

 

You May Also Like