Креативно претставување на невработеноста на Плоштад Македонија

Денеска (сабота, 7 септември) од 12:00-14:00 часот на Плоштадот Македонија ќе се одржи настанот „Future on hold (Иднината на пауза)“ или Креативно претставување на невработеноста.

plostad

Овој настан е дел од кампањата Генерација на човечките права (Human Rights Generation) која се спроведува од страна на Европската младинска организација АКТИВ-трезвеност,пријателство и мир (ACTIVE-sobriety, friendship and peace) со македонскиот партнер РЕАКТ.

Млади луѓе од Македонија и Европа ќе излезат на улиците на Скопје на 7ми септември со цел да ја спојат уметноста со политиката во демонстрација против високата стапка на невработеност.

Близу еден од четири европејци под 30 години се невработени; во Македонија бројката едупло поголема и младите луѓе чувствуваат дека нивните потреби се судираат со затворените врати на владата.

“ Таму шансите за младите едуцирани македонски се изненадувачки мали ”, вели Маја Стојановска, генерален сектретар на АКТИВ
“И многу од нашите млади луѓе заминуваат во странство во потрага по работа, што доведува до излив на кадар за иднината на Македонија. ”
Со досега мала заинтересираност и активност од политичките лидери за инвестиција и креирање на работни места, сега младите луѓе ја превземаат иницијативата за подигање на свеста. На плоштадот ќе биде поставена интерактивна едукативна табла која случајните минувачи ќе можат да ја обојат и дискутираат со преставници околу овој проблем.

Подигање на свеста на оваа млада генерација кои ја имаат својата иднина е мал чекор кон измена на можности за младите. Ова е особено важно кога младите немаат влијание како политички, така и како малцинство во изборите и економски, како најсиромашен сегмент на општеството.

Основен тим од 5 млади европејци го водат проектот и ќе создадат заедно со креативните улични акции, краток филм за секој од проектите на Балканот(Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија). Овие филмови ќе бидат изложени во Европскиот Парламент и Советот на младински центри во Европа за да може да рашири поголема Европска свест за овие теми,мислења и ставови на младите луѓе.
Сличен проект е веќе направен во 2011 година во Словачка, Полска, Шведска, Латвија, Босна и Херцеговина и Италија.

You May Also Like