Краткиот филм „Човекот со чудна навика…“ на фестивал во Египет

Краткометражниот игран филм „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ на режисерот Вардан Тозија ќе биде прикажан во официјална конкуренција на интернационалниот филмскиот фестивал во Луксор, Египет.

„Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ е  краткометражен филм и е финансиски потпомогнат од страна на Филмскиот Фонд на Република Македонија.  Сценариото е инспирирано од краткиот расказ на аргентнскиот писател Фернандо Сорентино.

Оваа фелиниевска комедија, распослана низ сивилото на правливите сокаци и напукнатите згради на Скопје, ја раскажува приказната за Петар, локален маргиналец и дежурен губитник, кому секој нареден ден му е полош од претходниот – главно поради неговата инертност, повлеченост и неспособност да се справи со сопственото секојдневие. Се’ додека, еден ден… мистериозен, безимен, молчелив посетител не се појави од никаде и комплетно го менува животот на Петар…

 

You May Also Like