Кочовски ја поставува „Добриот војник Швејк“ во Прилепскиот театар

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, се подготвува претставата „Добриот војник Швејк“ која по текст од Б.Брехт, во превод на Благоја Ивчески, ја режира Мартин Кочовски.

dobriot_vojnik_shvejk_proba

Режисерот Кочовски по трет пат го поставува Брехт на прилепската сцена. Претходно ги режираше “Тапани во ноќта”, и “Кавкаскиот круг со креда” кои беа најдобри на МЕСС во Сараево, на Експонто во Љубљана, на МТФ”Војдан Чернодрински”.

– Брехт е интересен и современ автор со неколку различни фази во опусот. Во текстовите има толку различни стилови, дијалектики. Многу ми е близок по начинот на мислење, по стилот на пишување по хуморот и затоа сакам да го работам. “…Швејк…” е текст напишан како за Македонија во денешното општество. Безвременски е. Ќе се занимаваме со нашето општество и претставата ќе каже се,затоа што ќе удира по деликатни места и истовремено ќе буди воодушевувачка радост од театарскиот чин – вели режисерот, посочувајќи дека тим што победува не се менува, па затоа го поставува Брехт повторно во прилепскиот театар.
Во претставата ќе играат Илија Волчески студент на ФДУ, Владимир Ѓорѓијоски, Даниела Иваноска, Андон Јованоски, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Наумоска, Александар Степанулески, Александар Тодески, Игор Трпче, Димитар Црцороски, Виолета Чакарова и Катерина Чакмакоска.

You May Also Like