Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /15.07.2013 година (понеделник)/, во Кабинетот оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, Н.Е. Гудрун Штајнакер.
Амбасадорката Штајнакер во оваа прилика го претстави нејзиниот нов заменик, господин Ханс-Хелге Зендер, кој што е одговорен за стопанство во Амбасадата.
Госпоѓа Гудрун Штајнакер изрази благодарност за приемот и укажа на добрата желба за успешна соработка на Скопје со збратимените градови Нирнберг и Дрезден.
Амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата држава, Гудрун Штајнакер е назначена на оваа функција пред две години, поточно во месец август 2011 година.