Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, на 10 јули 2013 година (среда) во 20:00 часот ќе се отвори изложбата Копнеж по реалното, изложба на современи австриски уметници.
Изложбата ќе се отвори вечерва (среда, 10 јули), во 20.00 часот, во нашиот објект Чифте амам, а на свеченото отворање ќе говорат г-а Халиде Палоши, директор на Национална галерија на Македонија, Карин Цимер, куратор на проектот, Ханспетер Хубер, помошник министер во сојузното Министерство за образование, уметност и култура на Австрија и Елизабета Канческа-Милевска, министер за култура на Македонија.
Оваа изложба е во соработка со Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Австрија.