Концерт „Вечер на сефардски песни“ на ансамблот Келтикум

Ансамблот „Келтикум“ во состав Елена Ангеловска – вокал, Пламенка Трајковска – виолина, Немања Клинчаров – гитара и Елена Чадиковска – перкусии ќе одржат концерт со наслов „Вечер на сефардски песни“.

Концертот ќе се одржи на 4 јули во Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија со почеток во 21:00 часот.

Во новиот проект „Вечер на сефардски песни“ ансамблот Келтикум ја истражува сефардсака музичка традиција и дава свое видување на оваа неизмерно богата музичка ризница. На концертот ќе бидат изведени и неколку песни од традицијата на евреите од Македонија.

Ансамблот Келтикум постои повеке години и ја негува европската традиционална музичка традиција од Ирска, Франција, Португалија Шпанија и Македонија. Досега има реализирано повеке концерти на Скопско лето, Прилепско лето и во градовите низ Македонија.

Концертот се реализира по повод одбележувањето на 70 годишнината од холохаустот на евреите од Македонија и е поддржан од Градот Скопје и од Меморијалниот центар на евреите од Македонија.

You May Also Like