Концерт „Божиќ-слава“

Во соборниот храм „Св. Kлимент Охридски“, в понеделник (7 јануари, 2013)во 20:00 часот, по седми пат ќе се одржи концертот „Божиќ-слава“.

Ќе настапат хоровите „Св. Злата Мегленска“ под диригенство на Летка Димовска-Полизова, „Рустико“ под диригентската палка на Запро Запров и „Бутелион класикс“ од Битола, кој ќе го предводи Лилјана Трајковска.

Настанот го поддржаа Министерството за култура и Македонската радио-телевизија.

You May Also Like