Концертот на Музичка младина на Македонија во живо со стриминг

Концерт и во живо и на интернет. Охридско лето продолжува со новините. Концертот на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија во живо и на интернет.

koncert muzicka mladina na makedonija live streaming

Вечерашниот јубилеен концерт 50 години Музичка младина на Македонија ќе може да се следи во живо на веб страната на Охридско лето, www.ohridskoleto.com.mk . Видео преносот од Света Софија ќе започне од 20 часот, час пред започнување на концертот.

Сите љубители на музичката уметност, кои нема да се во можност да присуствуваат во акустичната црква , ќе може да уживаат преку преносот на интернет. Лајв Стриминг ќе може да се следи и преку најавените линкови на Фејсбук како и на web порталите на нашите медиумски спонзори.

– Лајв стримингот е новина која се практикува на сите светски фестивали . Охридско лето од минатата година, во соработка со генералниот спонзор Т-home, ја воведе ваквата практика на web продукција која Фестивалот ќе го доближи до најсовремените технолошки и ИТ достигнувања, вели маркетинг и ИТ менаџерот на Охридско лето, Илија Куртески.

Инаку ваков начин на следење на програмата на најпрестижната манифестација кај нас, Охридско лето , во соработка со T-home, генералниот спонзор на Фестивалот, го најави како новина која постојано ќе се осовременува но и ќе опфати поголем број на настани.

Следејќи ги современите текови на светските фестивали, преносите во живо, на повеќе настани од уметничката програма во текот на едно фестивалско издание, ќе станат традиција, велат од Дирекцијата на фестивалот.

You May Also Like