Еден од најпопуларните пејачи на регионалната музичка сцена Златан Стипишиќ Џибони на 16. ноември ќе одржи свој самостоен концерт во Скопје.
Kонцертот на Џибони ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“, а е дел од промотивната европска турнеја на неговиот нов албум „20th Century Man“. Во рамки на оваа турнеја со повеќе од 15 закажани настапи и по одличните концерти низ европските метрополи како Берлин, Прага и Виена, Џибони доаѓа и во Скопје.
Скопје е пред исклучителна можност да го пречека музичарот кој зад себе има богата кариера подолга од 20 години, а покрај сите негови легендарни хитови како „Либар“, „Миракул“, „Не одустајем“, „Темпера“, „Опрости“, публиката ќе има прилика да ги чуе и новите песни од албумот „20th Century Man“.
Организатор нa концертот е План Б продукција.