Концерт на француско дуо-пијано во Охрид

Вечер (15 август, четврток) во 21:00 часот во Црквата Света Софија, ќе настапат француските пијанисти Фредерик Шовел и Марк Соле – Лери. Дуо ќе изведе дела на Моцарт, Дворжак, Менделсон-Мошелес, Пуланк, Мијо.

piano (copy)

Во текот на своето повеќегодишно постоење дуото се промовира како еден од најуспешните ансамбли од ваков вид во Франција и надвор од неа, а неодамна стана добитник на наградата на конкурсот Гриегг во Осло, Норвешка. Ансамблот има изградена одлична меѓународна кариера на концертните подиуми во Европа и САД и редовно настапува на престижните фестивали и концертни серии во Франција, Полска, Шпанија, Русија и други земји.

You May Also Like