На летната сцена на платото пред Универзална сала, вечерва (петок, 19 јули) на „Скопско лето“ во 21 часот ќе одржи концерт групата „Маталаја“ од Словенија.
Групата ја сочинуваат : Лара Седар – синтисајзер, цајон и вокал, Маја Кребл – вокал, тамбура и цајон, Тања Кланчник – цитра и вокал, Алина Хиртл – флејта, вокал и цајон, Полона Шавц – гитара и Грегор Крагелник – бас.
Словенечката вокално-инструментална група „Маталаја“ започнува со работа во 2009 година, кога Андреј Макус, професор по граматика, и мултимедијалниот уметник Златко Верзелак ќе почнат да трагаат по талентирани ученици за музика за уште во првата година да ја пополнат музичката празнина во расформираниот бенд „Франц ’н ’росес“. Во јануари групата го издава албумот под наслов „Le vcasih tiho vzdigne sebe zavesa z zenic“, регистриран како ЕСОС-проект. Дванаесет песни беа снимени на различни јазици и прв пат претставени во живо во Словен Градец.