Концерт на Ришар Галиано на Охридско лето

Годинава,кога се одбележуваат  5 години успешна соработка помеѓу Фестивалот охридско лето, Францускиот институт Скопје,Амбасадата на Република Франција во Македонија и Охридска банка – Societe Generale Group, во црквата Света Софија утре (вторник, 23 јули) ќе се одржи концерт на музичкиот виртуоз на хармоника и бандoнеон Ришар Галиано и Tangaria Quartet.

richar_galiano1

Со посебна чест и огромно задоволство овој мал јубилеј , но многу значаен за Фестивалот годинава ќе  се одбележи со гостување на уметникот кој ќе даде посебен допринос не само на ова 53-то издание на Фестивалот туку воопшто во целокупната фестивалска историја. За прв пат на Фестивалот настап на големиот виртуоз  на хармоника и бандонеон Ришар Галијано, големиот пријател на Пијацола. Галијано е голем уметник кој успеа хармониката и бандонеонот да ги донесе од поп музиката во разнобојниот свет на класичниот оркестар. Концертот на кој ќе настапи заедно со Tangaria Quartet, е насловен како „ Вечер на танго“ , изјави селекторот на музичкиот дел од програмата Гордана Јосифова Неделковска.

РишарГалиано во текот на својата долга музичка кариера,  со карактеристичната јужнофранцуска Јoie de Vivre разви еден оригинален музички јазик, спојувајќиги „новиот мизет“, Тангонуево, силата на духовноста на Колтрејн и влијанието на постојано присутната француска традиција на медитерански шансони. Инспириран и восхитен од својот пријател Астор Пјацола, креаторот на Тангонуево, Галиано успеа не само да го направи ова, туку со својот стил на „новиот мизет“ да вдахне нов живот во целата француска традиција, која изгледаше како да има застанато на едно место. Неговата убедливост, мајсторството на фразирањето и способноста да извлече широк спектар на тонски бои од хармониката придонесоа за рушење на бариери и правење жанровски пресек со овој инструмент. Воден од желба да го пренесе своето богато искуство, тој, заедно со татко му Лусјен, станува автор на метод на учење хармоника со кој ја освои наградата на SACEM (Друштво на автори, композитори, уредници вомузиката) за најдобро педагошко дело во 2009 година. Во 2010 година, Ришар Галиано потпишува ексклузивен договор за снимање со признатата издавачка куќа Deutsche Grammophon  Universal.

 

rishar_galiano2

You May Also Like