Песните што ги изведеуваат музичарите се традиционални клезмерски мелодии на источно – европските Ашкенази, аранжирани на начин да содржат традиционални и соврмени елементи.
На 10 ноември 2014 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, со почеток во 18.30 часот, ќе настапи полскиот клезмери бенд „ЖЕШОВ“.
Групата „ЖЕШОВ“ во состав: Јацек Анишек – кларинет, Матеуш Хмиел – кларинет, саксофон, Дариуш Кот – хармоника, Војчех Јајуга – контрабас, Камил Шчиак- перкусионистички инструменти, Катажина Блат- вокал, е основана како дел од одржуваната изложба посветена на работата на Бруно Шулц во галеријата на уметност во 2004 година во Жешов.
Групата има одржано преку 300 концерти во Полска, Европа и на други континенти.
Оваа група има учествувано на многу натпревари и фестивали, како на пример: Фестивалот „Сингерова Варшава” (2007, 2008), фестивалот „Клезмерска музика и традиција” (2006, 2007, 2008), фестивалот „Инспирациите на Казимиеж” во Казимиеж Долни, „Средба со еврејската култура” (2007) во Лоѓ и мултикултурниот фестивал „Галиција” (2007).