Концерт на пијанистот Рудин Ленго на Охридско лето

Вечер (недела, 11 август) во 21:00 часот во Црквата Света Софија во Охрид, концерт ќе одржи пијанистот Рудин Ленго (Албанија – Канада). Програма: Лист, Шопен, Мусоргски.

rudin_lengo

Изведбата на Рудин Ленго ја карактеризираат како „длабока, имагинативна и исклучително комуникативна“. Во изминатите неколку години тој освоил повеќе награди на натпреварите во Америка и Велика Британија меѓу кои „Glenn Gould School Concerto Competition“ (2012), „Knigge Music Competition“, „TD Elora Competition“ (2010), „William C. Byrd International Competition“, „Mary Winston Smail Memorial Award“ за најдобар пијанист, како и бројни стипендии и грантови од различни универзитети и фондации. Студиите по пијано тој ги започнува во Албанија, а по преселувањето во Канада го продолжува студирањето на повеќе образовни институции. Во моментот тој го заокружува образованието на „Glenn Gould School“ со престижната стипендија „Ihnatowycz Emerging Artist Scholarship“. Рудин Ленго настапувал во „Steinway Hall“ во Њујорк, „Minnesota Orchestra Hall“, „MacArthur Hall“ во Флинт, Мичиген, „Roy Barnett Recital Hall“ во Ванкувер, „Gateway Theatre“ во Ричмонд, како и на летните програми на фестивалите во „Banff Centre“, „Centre d’Arts Orford“, „Chautauqua Music Festival“, „Toronto Summer Music Academy and Festival“, а следуваат и повеќе настапи на концерти и фестивали во Албанија и Канада.

You May Also Like