Утре вечер (четврток, 25 јули) во 20:30 часот во салонот на Македонската опера и балет, концерт ќе одржи Оркестарот на централниот конзерваториум на Кина.
Концертот е дел од Скопското културно лето,а како дел од Деновите на кинеската култура, што се организира во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина.