Концерт на Младинскиот оркестар на Европската Унија во МОБ

Вечер (вторник, 20 август) на сцената на МОБ во 20:00 часот ќе настапи еден од најдинамичните оркестри во светот – Младинскиот оркестар на Европската Унија (EUYO).

euyo (copy)

EUYO во моментов го сочинуваат 120 музичари од сите 28 земји-членки на ЕУ, а концертот ќе го води Данецот Томас Сондергард, кој е главен диригент на Националниот оркестар на Велс, при Би-би-си, а и самиот бил член на Оркестарот кон крајот на 80-тите години.

Во Оркестаротчленуваат млади до 25 години кои се избираат на годишни аудиции што траат од октомври до март во земјите на ЕУ.

EUYO ќе свири три класични дела: концертниот валцер „Покана за танц“ на Вебер, суитата од „Приказна од западната страна“ на Бернштајн и балетот бурлеска „Петрушка“ на Стравински, верзија од 1947.

Настапот на Младинскиот оркестар на Европската Унија е најексклузивен настан од годинашното Скопско лето кое заврши пред 20 дена. Концертот водено е дел од одбележувањето на 50-годишнината од Скопскиот земјотрес кое се одвиваше под мотото „Скопје се сеќава“.

You May Also Like