Денеска (четврток, 5 септември) на Плоштадот во Автокоманда, од 18:30 часот ќе се одржи концерт на детски песни „Супер ѕвезда“.
Во 20:30 часот ќе започне концертот на македонски евергрин мелодии, во изведба на познати естрадни звезди.
Во рамките на одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија, од 18:00 до 20:00 ч. ќе се одржи спортска манифестација „Забавни фудбалски школи“, каде 150 деца од 6 до 12 години, на плоштадот во Автокоманда ќе се забавуваат низ спортски активности.