Концерт на Власта Попиќ на платото пред МКЦ

Концертот на Власта Попиќ, кој ќе се одржи вечерва (31 август, сабота) е последен од низата бесплатни концерти на платото пред МКЦ насловени „Рефрени за летно освежување“.

Vlasta-popic-poster

„Власта Попиќ“ доаѓаат од Вараждин, Хрватска. Бендот го сочинуваат Иван Шчапец (гитара, вокал), Тена Рак (тапани, вокал) и Дражен Хижак (бас). Формирани се 2007 година, но дури во 2009 година почна нивното поактивно деjствување надвор од Вараждин. Во 2010 година го издадоа своето прво ЕП-издание: „Најјача ултимативна машина за убијање“.
Во почетокот на 2011 беше прогласен за најдобар демо-бенд според изборот на публиката на порталот Terapija.net. Во јуни истата година победи на „Демофест“ во Kрагуевац и освои снимање и издавање деби-албум. Албумот „За очњаке“ е снимен во белградското студио „Дигимедија“ со продуцентот Борис Младеновиќ („Репетитор“, „Јарболи“, „Нежни Далибор“…).
vlasta popic 3
Албумот е издание на српската етикета СKЦ од Kрагуевац. Изданието наиде на одличен прием кај критиката во регионот и претставува едно од најпријатните изненадувања за 2012 година.
По повод издавањето на диџеј миксот составен од најдобрите моменти од првата декада на постоењето на радио-емисијата Зависна Листа Точка Мк, – „Македоламбада – Хит парада“, кој можете бесплатно да го преземете од www.pmgrecordings.com, со DJ сет пред и по концертот на „Власта“ ќе не почести Александар Гавровски Гачо.
Почетокот на настанот е закажан за 21:30 часот.

You May Also Like