Концерт на виолинистот Сергеј Малов во Охрид

Денеска (понеделник, 15 јули) во 21:00 часот во црквата Света Софија, концерт ќе одржи Сергеј Малов од Русија кој свири виолина и специјално виолончело де Спала. На програмата се дела од Бах и Барток.

 

Sergey_Malov(copy)

Добитник на првата награда на меѓународните натпревари “Michael Hill“ (Нов Зеланд), “Mozart” (Салцбург), “Jasha Heifetz” (Вилнус), како и на Меѓународниот натпревар по виола во Токио, Сергеј Малов успешно се претставил на двата натпревара „Паганини“ (во Џенова и во Москва) и на натпреварот по виола од 2008 година (Минхен).

Студиите по виолина ги завршил на Универзитетот „Моцартеум“ во Салцбург и на Високата музичка школа „Ханс Ајслер“ во Берлин, работејќи со реномираните професори Татјана Либерова, Томас Рибл, Антје Вајтхаас (во чиешто студио е асистент-педагог), Еберхалд Фелц и џез виолинистот Андреас Шрајбер.

Малов настапува со водечките европски оркестри (Оркестарот на Баварското радио, Филхармониите во Лондон, Москва и Санкт-Петербург, Camerata Salzburg и др.), како и со познатите светски музичари-изведувачи. Особено ја цени креативната соработка со современите композитори, меѓу кои Гијом Конесон и Кристоф Еренфелнер кој му го посветил на Малов неговиот солистички двоен концерт за виолина и виола Hommage à St. Petersburg. Покрај виолина и виола, Сергеј Малов активно свири на виолончело da Spalla направено специјално за него од Д. Бадјаров.

You May Also Like