Денеска (вторник,, 16 јули) во рамките на манифестацијата Крива Паланка Град на Културата, во манастирот Свети Јоаким Осоговски во 19:30 часот концерт ќе одржи бугарскиот камерен состав „Арс Барока“.
Програма:
– Увертира бр. 6 во г- мол од Ф.М. Верачини
– Концерт за 2 обои и оркестар оп.9 бр. 3 од Т. Албинони
– Концерт за љубовна обоа и оркестар BWV 1055 од Ј.С. Бах
– Троен концерт за обоа, виолина, виолончело и оркестар во Д- дур од А. Салиери
Солисти:
проф. д-р Владимир Лазаревски – обоа
доц. м-р Владимир Крстев – виолина
доц. м-р Паскал Краповски – виолончело
м-р Калин Панајотов – обоа, љубовна обоа
Камерниот Состав Арс Барока од Р. Бугарија постои од 2006 година. Во него учествуваат инструменталисти од најрепрезентативните оркестри во Р. Бугарија како Софиска Филхармонија, Оркестарот на Класик ФМ и Националното радио.
Ансамблот Арс Барока го фокусира своето внимание на темелно интерпретирање на доцниот барокен стил со неговите специфики како автентичното звучење, динамики и штрихи, кој се типични за епохата. Нивниот репертоар вклучува инструментални концерти, сонати и кантати од Ј.С.Бах, Вивалди, Салиери, Телеман, Корели, Хендел, Зеленка и др.
Ансамблот е награден со престижната награда „Ансамбл на годината 2007 година“ од Националното радио на Бугарија.