Вечер (среда, 17 јули) во 21:00 часот во црквата Света Софија концерт ќе одржат Антонио Манзес (Бразил) на виолончело и Олга Задо (украина) на пијано.На програмата се дела од Шуман, Брамс и Фанк.
Роден во Бразил, во семејство на музичари, Антонио Менезес ги започна своите студии по виолончело на 10 годишна возраст. Тој ја освои првата награда на ARD International Competition во Минхен во 1977 година, а ги освои првата награда и златниот медал на натпреварот „Чајковски“ во Москва во 1982 година. Од тогаш тој има славна меѓунардна кариера.
Со само 22 години, Олга Задо е една од најперспективните пијанисти од нејзината генерација. Како победник на меѓународните натпревари „Владимир Хоровиц“ и „Сергеј Прокофјев“, таа исто така ја освои и специјалната награда „Тереза-Дусот“ на меѓународниот натпревар Владимир Крајнев“.
Олга Задо веќе настапува со оркестри, во соло рецитали, како и со меѓународно признати уметници, како што е виолончелистот Антонио Менезес, во големи концертни сали и места низ Европа.