Вечер (среда, 21 август) во 20:00 часот во Заводот и музеј во Битола ќе се одржи концертот „Виолина и пијано“ – Верица Дивитарова и Валентин Наумов.
Верица Дивитарова има одржано неколку самостојни рецитали, настапи во склоп на концертите на “Musica Viva” и како дел од симфонискиот оркестар и двете во рамките на факултетот за музичка уметност во Скопје и други солистички и камерни рецитали. Моментално е на постдипломски студии во класата на Проф. Др Марија Ѓошевска на Факултетот за музичка уметност во Скопје и работи како професор по пијано и корепетиција во Државното музичко училиште во Битола.
Валентин Наумов има одржано повеќе музички рецитали, добитник е на повеќе награди, а во моментот работи како професор по виолина во Државното музичко училиште.