Вечер (среда 31 јули) во 21:00 часот во Сули-ан (Факултет за ликовна уметноист) во Старата скопска чаршија, концерт ќе одржи Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија. Диригент е Саша Николовски Ѓумар , а како солист ќе настапи Катерина Бачевска на флејтa.
Концертот на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија е по повод 50 години од постоењето на Музичката младина на Македонија, а е во рамките на Скопско лето 2013.