Фото-сојузот на Македонија информира декa од оваа година големиот фотографски фестивал Rovinj Photodays, добива интернационална димензија, односно ги отвора вратите и за натпреварувачи надвор од Хрватска.
На веб-страницата на Фото сојузот на Македонија се вели: „Веќе седма година по ред, обврзна летна дестинација за сите оние кои животот го гледаат низ визирот на фото апаратот, е најголемиот фестивал на фотографијата во регионот, сместен во магичната Истра, Rovinj Photodays.
Фестивалските активности вклучуваат организација на годишен натпревар, патувачки изложби во текот на целата година, соработка со културни институции и галерии и гала завршница на фестивалот во Ровињ, исполнета со работилници, предавања, прегледувања на портфолија, изложби…
За разика од минатите години, оваа година големиот натпревар кој до лани ја пратеше само хрватската современа фотографија, од ова издание ќе биде отворен и за целокупната европска фотографска сцена. Сите финалисти на годишниот натпревар остваруваат право да учествуваат на патувачката групна изложба, а победниците ја добиваат традиционалната статуа „Кадар“.
Главен селектор на овогодинешниот натпревар е еден од највлијателните светски фотографски познавачи – Tod Papageorge. Најпознат по својата 30 годишна челна улога на дипломските студии за фотографија на америчкиот колеџ Yale University school of Art. Под негово влијание израснаа фотографите како: Philipa-Lorce diCorcie, Lois Connor, Abelarda Morella, Gregorya Crewdsona, An My Le, Katy Grannan, Richarda Mossea и други.“
Повеќе информации за Конкурсот може да најдете тука .