По повод Светскиот ден на културниот диверзитет, дијалог и развој – 21 мај 2013 година, Агенцијата за млади и спорт распишува конкурс за најдобро уметничко дело – слика или фотографија на тема „Дискриминација“.
Конкурсот е отворен за сите лица до 30 години кои можат да ги поднесуваат своите дела, во печатена форма до Агенцијата за млади и спорт на адреса „ ул. Франклин Рузвелт“, број 34, 1000 Скопје најдоцна до 10.05.2013 година.
Важна информација:
Заедно со делото, задолжително е да се испрати и писмена изјава со податоци за авторот со која се гарантира дека лицето е автор на делото со согласност истото да биде употребено за натамошно изложување.
Рокот за доставување на делата е 10 мај 2013, 16:00 часот.
Изложувањето и доделувањето на наградите ќе се одржи на 21 мај 2013 година.
Најдобро од изложеното ќе добие парична награда.
Лица за контакт:
Ана Николова / Зорица Стаменковска