Центарот за стрип во Велес го распиша конкурсот за престојното 11 издание на Меѓународниот стрип салон 2013:
Пропозиции:
-Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;
-Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат, (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Препорачливи с епоголем број на сликички.
НАПОМЕНА :Доколку стрипот е во боја , препорачливо е истиот да се испрати преку пошта или достави лично.
-Стриповите нема да бидат вратени, .Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.
-Авторите коишто ќе испратат свои стрипови влегуваат во комбинација за обезбедување на пат , сместување и исхрана во текот на 11 Интернационален салон на Стрип „Велес 2013“(средината на октомври)
-Tемата на стрипот е слободна.Секој автор (билo цртач, туш ,колор ) може да учествува со само еден стрип; Исклучок има за сценаристите каде се дозволува да едно лице направи сценарио за повеќе стрипови.
-На еден стрип можат да работат повеке автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)
-Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, дата на раѓање адреса, и држава од каде е авторот ,е маил како и година кога е стрипот нацртан.Исто така сите стрипови треба да се потпишани од авторите .
-Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за излагање во склоп на изложбата во склоп на Салонот на стрип со реална можност за друг вид на промоција
-Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена интернационална комисија којашто ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:
• Прва награда, 200 ЕУ ”Златен стрип ”, и диплома за прво место.
• Втора награда, диплома за второ место.
• Трета награда, диплома за трето место.
• Награда за најдобро сценарио, диплома.
• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.
• Други специјални награди
Рокот за испракање е до 25-ти Септември 2013 година,Тие може да се испратат на
a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)
Ул. Васил Горгов, бр.78 ,1400 Велес ,Република Македонија
б) Или преку Е-маил: comicmk@yahoo.com За повеќе информации може да се јавите на телефон 0 7666979