Конкурс за композиции за фестивалот „Скопје 2013“

Отворен е конкурсот за избор на нови композиции за Фестивалот на забавни мелодии – „Скопје 2013“.

Makedonska radio televizija MTV

Ги отвораме вратите на сите автори, интерпретатори, добронамерници и вљубеници во убавата песна да бидат дел од овој настан. Конкурсот е отворен од 15-ти јули дo 15-ти септември, авторите од Македонија, но и од странство, веќе можат да ги пријавуваат своите композиции за учество, а за сите дополнителни информации врзани за конкурсот можат да ги проследат низ инф- програмата на МРТ, како и на интерент страницата www.mrt.com.mk – велат од МРТВ.

Од страна на МТВ се најавува дека оваа година Фестивалот ќе има натпреварувачки карактер и се предвидени награди.

За композицијата со најмногу гласови добиени по пат на телевоутинг, наградата е 1.200.000 денари, второпласираната песна ќе се награди со 600.000 денари, а третопласираната со 300.000 денари. За трите композиции ќе бидат изработени и видео спотови во продукција на МТВ. Се надеваме дека ваквиот високобуџетен награден стимул ќе биде доволен предизвик за учество на овој Фестивал на реномирани автори и изведувачи – сметаат организаторите на Фестивалот.

Скопскиот фестивал ќе се одржи на 13 ноември во новиот објект на Македонскиот народен театар.

You May Also Like