За само неколку дена, на 7 септември, стартува долго очекуваната балканска турнеја на Ману Чао Ла Вентура, која своето финале ќе го има токму во Скопје, на 21 септември.
Единаесет години по еден од најдобрите концерти кои било кога се одржале кај нас, Ману Чао се враќа на истата локација, Скопското лизгалиште. Легендарниот музички антиглобалист со сигурност спаѓа во изведувачите чиј концерт мора да се доживее неколку пати во текот на животот, а со успешната формула Ла Вентура (Маџид на гитара, Филип Тебул на тапани и Гамбит на бас гитара), тој повторно подготвува концерт со незаборавна атмосфера и целовечерна позитивна и разиграна енергија.
На концертот на Ману Чао Ла Вентура во Скопје, ќе го придружуваат два одлични бендови кои ќе ја загреат публиката пред ѕвездата на вечерта да ја превземе сцената. Публиката ќе има прилика да ужива и во настапите на „Конкоринг Лајон“ и „Баилдса“
Тетовскиот состав
„Конкоринг Лајон“, од објавувањето на првиот албум „I” во 2009 па до сега, се наметна како еден од најперспективните бендови кај нас, кој остварува огромен раст во секој аспект од својот музички ангажман. Заедно со „Know Your Wisdom” од 2011 година, бендот зад себе има две студиски остварувања, а периодов е посветен на финалните подготовки за нивниот нов албум кој се очекува да биде објавен наскоро. Одлично наговестување за тоа што се крие зад албумот насловен „Revelation“ е и неодамна објавениот носечки сингл „
Wicked Man“. Нивните концертни активности се веќе на завидно ниво со неколку европски турнеи зад себе, но и со настапи на значајните фестивали како „Спирит оф Бургас“, „ПИН конференција“ – Скопје, „Докуфест“ – Призрен, „НГОМ Фест“ – Призрен, „Тренчтаун“ – Суботица, а годинава беа дел од „Аква Парк фестивалот“ во Пробиштип, но и реномираниот „ИНмјузик фестивал“ во Загреб каде што настапија покрај ѕвезди како „Арктик Манкис“, „Иги Анд Д Стуџис“, „Бејсмент Џекс“ и „Блок Парти“ меѓу останатите. Досега имаат настапувано со големи реге имиња како што се „Џентлмен“, Рас Закари, Доналд Минот, Хорнсмен Којоти и други. За овој бенд важи дека на секој настап умее загарантирано да донесе добра енергија и ритам за вистинско концертно уживање.
„Баилдса“ е група која во својот музички израз ги комбинира балканските звуци со пост панк естетиката. Оригиналната идеја за бендот е изградена во 2007 од Танос и Јанис Гунтанос, кои ја оформуваат групата и година подоцна стартуваат со концерти. Од тогаш „Баилдса“ се појавува со жестоки настапи на низа фестивали, музички арени, клубови и улици секојпат со одвишок енергија и моќ. Стилот на бендот е прогресивно модифициран вметнувајќи ги новите елемети од ска, реге и рап музиката во веќе препознатливиот балкански џипси панк бекграунд, резултирајќи во денешната композиција на бендот. Во октомври 2011 година групата го објави и својот прв студиски албум, насловен „United States of Balkans“. Балкански звук, џипси мелодии и панк свежина во музика која не ви дозволува да останете мирни на нивните концерти, што се потврди уште со нивното прво гостување кај нас како дел од „Д Фестивал“ во 2012 година, а потоа и на скопскиот „Пиволенд“.
Ману Чао во секоја смисла е синоним за незаборавно концертно искуство, но и многу повеќе од само исклучителен музичар. Неговата музика е мост, кој ја истражува заедничката основа и сретствата за меѓусебно разбирање, потенцирајќи ја идејата дека надвор од излишните разлики во културниот идентитет, ние сме сите исти. На овој музички пристап, одлично се надоврзуваат токму „Конкеринг Лајон“ и „Баилдса“, кои ќе бидат енергично загревање пред Ману Чао со својот состав да стапне на сцената на Скопско лизгалиште и уште еднаш да остави трага во концертната историја на овој град.
Побарувачката на влезниците за овој концерт е голема, а продажбата се одвива со брзо темпо, поради што ги советуваме сите оние кои не сакаат да го пропуштат концертот за паметење, на време да го осигураат своето присуство. Дополнителна причина за големиот интерес кој концертот во Скопје го предизвикува и кај публиката надвор од Македонија, е најниската цена на влезниците кај нас, додека за сите останати концерти во рамки на балканската турнеја истите чинат 25 евра.
Влезниците за концертот на Ману Чао Ла Вентура во Скопје, веќе се достапни во претпродажба по промотивна цена од 450 денари. Промо-цената ќе важи до 8ми септември, а потоа нивната цена ќе биде 600 денари во претпродажба и 750 денари на денот на концертот.
Истите се достапни
во продажната мрежа на МКтикетс:
• Продажните салони на ONE (Скопје – Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall; Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија); продажните салони на Office Plus.
• Скопје: Југотон (ГТЦ, прв кат), Кафе Браво, Кафе Круг – Аеродром, Цвеќара Розе, Камарад
• Низ Македонија: ZZ Top – Охрид, Hard Rock – Битола, Комисион Шишко – Кочани;