Конзервација и реставрација на фрескоживописот во Св.Богородица Заумска во Трпејца

Завршија годинешните активности за конзервација и реставрација на фреско-живописот од најстарата зачувана црква од 14 век, Св. Богородица Заумска во с. Трпејца, Охридско.

sveti zaum 111

Конзерваторските зафати за санација на овој извонредно значаен фрескоживопис кој е дел од проектот на Министерството за култура, а во рамките на Програмата за заштита на културното наследство, продолжуваат во 2014 година.

Пред неколку години на црквата која претставува едно од најзначајните поединечно заштитени споменички добра на територијата на РМ и пошироко беа преземени интервенции за конзервација на кровот и кровната конструкција, а по извршените анализи на стручните екипи на охридскиот завод и музеј се пристапи кон конзервација на нејзиниот фрескоживопис со оглед на присуството на влаги соли, особено во деловите под куполата.

sveti-zaum22

Овој извонредно значаен споменик на културата, црквата „Св. Богородица Заумска“, се наоѓа на источниот брег од Охридското езеро, во непосредна близина на селото Трпејца. Според зачуваниот натпис, црквата е подигната и насликана во 1361 година од ќесарот Гргур за време на деволскиот епископ Григорие. Најновите истражувања покажуваат дека потекнува од тринаести век.

 

You May Also Like