Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (вторник, 27.8.2013 година) во 13:15 часот ќе ја посети НУ Национален конзерваторски центар каде што ќе биде промовирана новата опрема за Централната лабораторија за физичко-хемиски испитувања на културното наследство.
Опремувањето на оваа лабораторија е дел од Програмата на Владата на Република Македонија за опремување на лаборатории за научно-истражувачка и апликативна дејност.