Комити и играорци собираа отпад во Крушево

Петтото издание на „Крушево Етно град 2013“, беше свечено отворено во четвртокот на 25 јули.

logo krusevo etno grad (copy)

Стотина крушевчани се облечени во градски, комитски и турски носии и облеки што веќе стана заштитен знак на манифестацијата, а Пакомак како компанија која им пружа поддршка на културните настани во Македонија, ја поддржува и етно-манифестацијата во највисокиот град на Балканот. Комитите и играорците собираат пластичен амбалажен отпад и го селектираат во посебните контејнери наменети за пластика кои ги обезбеди Пакомак, а потоа отпадот ќе биде однесен на рециклирање.

Со тоа, тие освен што ги величаат нашите херои и го слават Крушевското Востание, истовремено потсетуваат и на добрите еко-навики и зајакнувањето на еколошката свест. Пакомак ги повикува сите да го посетат Крушево и да и се вратат на традицијата, на нашето културно и историско наследство, но и да не заборават на добрите еко манири и да создадат еколошка култура која ќе се пренесува на идните генерации

You May Also Like