Колонија Дрен: Природата не инспирира за творештвото

Во манастирот Св.Илија, во селото Дрен во тек е шестата ликовна колонија Дрен, што ја организира ЦК „Марко Цепенков“ а творат уметници од Македонија, Русија, Бугарија и Словенија.


Колонијата е бренд во Македонија. Годинава творат 14 уметници кои ќе остават вредни дела – вели Тони Чатлески, директор на ЦК „Марко Цепенков“.

Уметниците задоволни од престојот во манастирот, од дружењето и размената на искуства.

Природата околу манастирскиот комплекс е воодоошевувачка. Не испирира за творештво. Насликав три дела на тема апстракција – вели Светлозар Недев од Бугарија.

Радосна сум и среќна што сум тука. Сум учествувала и на други колонии, но овој простор тука во манастирот Св.Илија во с.Дрен е вистински рај божји. Не  само што се дружиме, разменуваме искуства, туку и твориме со несмален интензитет – вели Николета Стојчевска од Македонија.

Местото е создадено за колонија и многу сум среќна што дури од Москва допатував тука да творам на колонијата. Запознав нови колеги со кои ќе останеме во контакт – вели Малка Малкова од Русија.

Воодушевен сум. Преубаво мество за инспиративно творештво. Ќе нацртам сликовница со графики и ќе напишам стихови кои ќе ги објавам во Москва – вели Александар Белугин.

Одлична организација на колонија, добар прием, убаво дружење – вели Лучка Шпаровец од Словенија.

До 7 јули, на шестата колонија ќе творат, а некои ќе ја овековечуваат и природата, но и  ќе се  дружат Малка Малкова, Светлана Вахнина и Александар Белугин од Русија,  Павлинка Маркова – Копано, Светлозар Недев и Кронелија Марган од Бугарија, Лучка Шпаровец од Словенија, како и македонските уметници Силвана Атанасовска, Владимир Кнежевиќ – Путец, Олгица Антовска, Богданка Барутовска, Николета Стојческа, Елица Димитрова…

Делата создадени на  колонијата ќе бидат претставени на изложба што традиционално Центарот ја реализира на почетокот на септември, на завршницата на Прилепското културно лето.

You May Also Like