Кока Кола го поздравува доаѓањето на Перо Антиќ во Атланта

Ги знаете Кока Кола така? Епа на својот официјален фејсбук профил во кој има повеќе од 70 милиони фанови, оваа реномирана компанија сподели една ваква информација:

pero antic coca cola

Welcome to our hometown Pero Antic! We wish you great games that will make your Macedonian fans prouder and louder :)“

За тие што се прашуваат сега од каде па толкава заинтересираност за нашиот репрезентативен капитен, од страна на еден од најголемите светски мулти-корпорациски брендови, можеби ќе помогне фактот дека компанијата Кока Кола е формирана токму во градот Атланта во федеративната држава Georgia, уште во далечната 1886 година.

Едно е сигурно, оваа сезона во НБА на Перо Антиќ, но и на Македонија ќе им донесе еден нов бренд и шанса за позитивна промоција, пред огромна милионска публика.

You May Also Like