Дебитантскиот роман за Хитлер „Види кој се врати“ на минхенскиот автор Тимур Вермеш се преведува на 27 јазици (меѓу кои и македонски), а се најавува и филмско сценарио.
На врвот на топ листата на бестселери на „Spiegel“, пред Адлер-Олсен, или Коелјо или Фолет, стои името Тимур Вермеш со црвени букви. И тоа веќе со месеци. Делото со работен наслов „Види кој се врати“ на минхенскиот автор во повеќе наврати постигна изненадувачки успех во тековната сезона која почна минатата есен со Саемот на книгата во Франкфурт.
Изминатите пет месеци се продадоа речиси 400.000 книги со карактеристичниот тврд повез и со фризурата на патец. Се очекува бројката да достигне половина милион, плус 150.000 примероци на аудиокнигата, во изведба на Кристоф Марија Хербст, и многуте симнувањата од интернет. Во моментов книгата се преведува на 27 јазици од македонски до кинески.
Во разговор со „Абендцајтунг“, Вермеш потврди дека се продадени и правата за филмско сценарио, но ништо повеќе не зборуваше околу тоа.
Што се однесува до реакциите објавени за оваа книга на почетокот: не беа лоши, нив едноставно ги немаше.
Откако романот почна да се искачува на топ листите на читаност германската медиумска јавност се воздржуваше од коментари. Најпрво Истфорт Фолкер од „Абендцајтунг“ и Оливер Јунген од „ФАЦ“ сметаа дека книгата е релативно смешна но и прилично долга.
„Штерн“ пак ја откри книгата три месеци по нејзиното појавување и сметаше дека е „невкусна“. „Зидојче Цајтунг“ молчеше уште три недели а потоа клубот на етичари пресуди: „понижувачки“ и „изненадувачки политички наивно“. Четири недели пред ова книгата за прв пат се искачи на првото место на листата на „Шпигел“. Но кога е во прашање Хитлер и националсоцијализмот секогаш постои извесен сомнеж да се изнесе јавното мислење.
Најголемо изненадување овде сепак е што “Види кој се врати” е прв роман на 45-годишниот Тимур Вермеш. Но да се пишува биографии за денешните познати фаци не е исто како да се пишува биографија за најголемиот убиец на дваесеттиот век, во роман од речиси 400 страни.
“Овде не зборуваме за крими-роман, мојата книга раскажува за Хитлер и за Третиот Рајх. Ако треба да чекам предупредување откако се продадоа 400.000 примероци, тогаш контролата малку задоцни.“ велеше налутено новинарот нарекувајќи го ова „непрофесионалност“.