Во издание на издавачката куќа „Феникс“ деновиве излезе книгата “Вечноста на Битола“ од битолскиот признат стручњак и истражувач, Аница Ѓорѓиевска.
Ова издание содржи четири тематски целини: “Со љубов за Битола“, “Коските и пепелта на претците“, “Вечноста на Битола“ и “Битола – Град Музеј“.
За “Вечноста на Битола“, авторката во предговорот, меѓу другото истакнува дека: „книгата е пишувана со емоции и посебна љубов кон родниот град, кој е зона на светлина на цивилизации, во која животот е со милениуми граден во најблагородна насока, како поврзување на добрината и убавината на световите“.
Книгата е збогатена со голем број уметнички фотографии.