Кино репертоар во Милениум

Ви го претставуваме тековниот репертоар во градското кино Милениум:

ВИСТИНСКИ ЧЕЛИК

(127 мин.)

Годината е 2020, боксот како спорт замира и обичните боксери се менуваат со роботи. Чарли Кентон (Хју Џекман) пропаднат боксер кој не се снаоѓа добро ни во светот на робот боксот се обидува да „исплива“ од тешкиот живот и да ги врати парите што ги должи насекаде. Кога ќе стигне до дното тој ќе се здружи со својот осум- годишен отуѓен син Макс (Дакота Гојо) и ќе тренира робот за да стане шампион. Како што расте влогот во арената, Чарли и Макс, против сите верувања сепак добиваат уште еден обид за освојување на рингот.

Режија: Shawn Levy

Улоги:  Hugh Jackman, Evangeline Lilly, Dakota Goyo

Проекции: 20:00 и 22:30 часот

ШТРУМФОВИТЕ

(103 мин.)

Кога лошиот Гаргамел ќе ги избрка Штрумфовите од нивното село, тие од нивниот магичен штрумфовски свет ќе се најдат во светот на луѓето, токму во срцето на Њујорк. Преку бројни и возбудливи авантури тие мора да најдат начин да се вратат во нивниот свет, пред да ги пронајде лошиот Гаргамел. Првата филмувана верзија на незаборавните сини јунаци од малите екрани. Уште една голема авантура на Веле Штрумф, Лутко, Текнувало, Штрумфета, но овој пат преку гласовите на холивудските ѕвезди Ханк Азарија, Кејти Пери, Џорџ Лопез и многу други, кои ја прават оваа штрумфовска авантура уште поголема. Штрумфнете и бидете дел од неа.

Режија: Raja Gosnell

Улоги: Hank Azaria, Katy Perry, Jonathan Winters

Проекции: понеделник/петок 17:30 часот
сабота/недела 11:00; 13:00; 15:00 и 17:30 часот

Циклус Европски филм:
ГОСПОЃИЦА КИКИ

(88 мин.)

(Од понеделник 24.10.2011.)

По неколку годишен престој надвор од својата земја, Кики се враќа во Шведска. Нејзиниот 17 годишен син го израснала баба му, а со мајка му има дистанциран однос. Кики го кани синот на заеднички одмор во Тајван, каде тие повторно се зближуваат. Но, таа има тајна цел – Тајпеј е престојувалиште на тајванскиот бизнисмен со кој таа остварува интернет романса.

Режија: Hakon Liu

Улоги: Pernilla August, Ludwig Palmell

Проекции: понеделник-петок од 13:00 и 15:00 часот

You May Also Like