Кино Милениум – тековен репертоар

Почнувајќи од денес (петок, 2 септември 2011 година) нови филмови на репертоарот на Градско кино Милениум. Можете да ги проследите следните наслови:

„ Лошата учителка“

Почеток на претставите: 20:00; 22:30 часот

Наслов на филмот:  „Лошата учителка“

Наслов на оригиналот: „Bad Teacher“
Жанр: Комедија
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 92 минути
Режија: Џејк Касден
Улоги: Камерон Дијаз, Џејсон Сигл, Џастин Тимберлејк

Содржина:

Елизабет Халси (Камерон Диаз) е сиромашна учителка од Чикаго која ги навредува своите ученици, пие алкохол и зема разни “рекреациски“ дроги. Таа планира да се омажи за својот богат вереник, но кога тој ќе ја остави, се обидува да го освои Скот Делакорт (Џастин Тимберлејк) учител на замена, кој е исто така богат. Нивната колешка Ејми Сквурел (Луси Панч) исто така го “брка“ Скот, додека школскиот наставник по физичко Расел Гетис (Џејсон Сигел) е заљубен во Елизабет.

Нејзиниот план е да ги зголеми градите за да го освои Скот, ама не може да си дозволи тоа. Но, кога ќе дознае дека учителот што има најдобро бодувани ученици добива бонус Елизабет го менува методот на предавање, а учениците дознаваат една непријатна страна на својата учителка…

„ Години на Љубовта 3“

Почеток на претставите:  Од понеделник до петок 17:30; Сабота и недела 15:00; 17:30

Наслов на филмот: Години на љубовта 3

Наслов на оргиналот:  Manuale d’amore

Жанр: Комедија
Земја на потекло: Италија
Времетраење на филмот: 125 мин.
Режија: Џовани Веронези
Улоги: Роберт де Ниро, Моника Белучи

Содржина:

Филмот “Години на Љубовта” е италијански блокбастер, филмска франшиза, започната 2005 година. Вториот филм е снимен 2007, а најновиот филм ја имаше својата премиера во Италија на почетокот на оваа година. Секој од филмовите “Години на Љубовта” составен е од неколку приказни чии актери се љубовни двојки кои се меѓусебно поврзани. “Години на Љубовта” на духовит, забавен и провокативен начин раскажуваат за ситуациите типични за сите љубовни односи. Филмот “Години на Љубовта” (3) се состои од три приказни проследени од три различни, но сепак меѓусебно поврзани парови.

Роберто и Сара се на прагот на заедничкиот живот. Неколку дена пред венчавката, Роберто на службено патување запознава шармантна девојка на која е невозможно да и одолееш. Во меѓувреме, во Рим, Елијана живее живот на фатална жена која заведува и жени и мажи, за подоцна да ги уценува. Една од нејзините жртви е и Фабио, тв водител, на кого краткотрајното задоволство со Елијана ќе му го упропасти односот со семејството и кариерата.

Во зградата на Елијана и Сара живее и стариот американски професор кој се заљубува и разбира дека желбата и чувствата не умираат со годините.

 

„Жената што на сон виде еден маж”

Почеток на претставите: Од понеделник до петок во 13:00; 15:00 часот

Наслов на филмот: „ Жената што на сон виде еден маж ”

Наслов на оргиналот: „The woman who dreamed about a man“

Жанр: Драма
Земја на потекло: Франција
Времетраење на филмот: 98 минути
Режија: Пер Флај
Улоги:  Соња Рихтер, Марчин Дорочинцки и Михаел Никвист

Содржина:

„К“ е данска фотографка која е мажена и има ќерка. Додека работи во Париз здогледува еден човек и го следи. Тој ја забележува и таа му објаснува дека го сонувала и тој во сонот извршил самоубиство во хотел. Почнуваат љубовна врска. Кога ја праќаат на работа во Полска таа го наоѓа, иако овој пат и нејзиното семејство е со неа. Тој е полски професор и живее со неговата жена и ќерка.

Тој ја следи до хотелот и и дава клуч од апартман спроти неговото живеалиште. На крајот мажот ѝ ја открива и тие се разделуваат. Во меѓувреме таа почнува да живее во апартманот и го минува времето гледајќи го и следејќи го до работа. По извесно време целата ситуација му станува напорна и тој се обидува да раскине со неа, но таа не го прифаќа тоа, се додека тој не и покаже дека станот го користел за сите негови љубовни врски.

 

 

Со почетокот на учебната година за сите ученици светскиот хит во градско кино Милениум:

„ Коли 2“

Почеток на претставите: Сабота и Недела:11:00; 13:00

Наслов на филмот: „Коли 2“

Наслов на оригиналот: „Cars 2”

Жанр: Анимација, комедија, авантура
Земја на потекло: САД
Времетраење на филмот: 106 мин
Режија: Џон Ласитер, Бред Луис
Улоги: Овен Вилсон, Лери д Кебл Гај, Мајкл Кејн

Содржина:

Второто продолжение од анимираната сензација Автомобили 2 во која ѕвездата на тркачките патеки Молња Меквин (Овен Вилсон) и неговиот најдобар пријател патуваат преку океанот за учество во големото Светско Гран При. Патеката до шампионатот ќе стане возбудлива кога Метер ќе се најде во центарот на една друга, поинаква, поопасна авантура – меѓународна шпионажа. Дизни и Пиксар се на прагот на креирање на нов вид на супер херои со поинаква форма, но со човечки особини.

Билетите за проекциите можат да се купат на касата на Кино Милениум, секој ден од 10:30 до 22:30 часот, по цена од 150 денари.

You May Also Like