Кино Милениум со 3D технологија

МКЦ и Кино Милениум, со изненадување за сите искрени вљубеници во филмот. Она што се вети за време на фестивалот Синедејс се реализира! Конечно и кај нас најсовремена 3Д технологија во Кино Милениум.

Приказната за култната кореографка, професорка по танц како и балетска режисерка – „Пина Бауш“, на големиот европски и светски режисер Вим Вендерс. Она што во мигов е најактуелна и најсовремена 3Д опрема на светскиот пазар е веќе инсталирана во Кино Милениум.

Во светот постојат 4 системи на прикажување 3Д слики, од кои (Dolby 3D) е со најдобар квалитет на слика. Проекторот е комбинација KINOTON-BARCO проектор модел – LX, додека платното е HARKNESS, а серверот Најновиот Dolby DSS200. Квалитетот на звукот е 7.1 Dolby Digital со најновиот процесор на Dolby CP750.

Премиерата е на 4 февруари со почeток во 20:00 часот, МКЦ половина од влезниците според старата добра традиција ќе ги пушти во редовна продажба, останатите половина се протоколарни. Веќе во недела, ден потоа, покрај филмот „Пина“ кој ќе остане на редовен репертоар од 22:30 часот, во терминот од 17:30 и 20:00 часот ќе следува филмот „Најмрачниот Час“.

„Пина“
Филипина Пина Бауш (27 јули 1940 – 30 јуни 2009) е родена во Солинген, Германија. Пина Бауш е светски познат изведувач на модерен танц, кореограф, професор по танц како и балетски режисер. Со нејзиниот уникатен стил, кој преставува мешавина на движења, звуци и импозантни сценографски решенија, како и со начинот на нејзината работа со изведувачите за време на составувањето на една кореографија (стил познат и како Танцтеатар), нејзината работа прерасна во огромно влијание во светот на модерниот танц.

Режисер и сценарио: Вим Вендерс
Улоги: Пина Бауш, Регина Адвенто
Жанр: документарен филм
Траење: 101 мин
Земја на потекло: Германија

„Најмрачниот час“
Сиот свет одненадеж останува без електрична енергија и настанува хаос. Зад катастрофата стои непознат вонземјански вид, кој има контрола врз електричните мрежи. Во Москва, група млади луѓе успева да се скрие и да ги преживее нападите. По неколку дена кога излегуваат, откриваат пуст град во кој опасноста и понатаму демнее. Препуштени сами на себе, ќе се обидат да преживеат.

Режисер: Крис Горак
Сценарио: Џон Спејтс, Лесли Боем
Улоги: Емил Хирш, Оливија Тирлби, Макс Мингела, Рејчел Тејлор
Жанр: хорор, научна фантастика, акција
Траење: 89 мин
Земја на потекло: САД

You May Also Like