Вечер (петок, 26 јули) во 21:00 часот во предворјето на црквата Света Софија во Охрид, концерт ќе одржи Оркестарот на централниот музички конзерваториум на Кина. Програма: Тан Дун, Џијанг Јинг, Танг Џијанпинг, Гуо Венџинг, Џанг Жао, традиционална кинеска музика во аранжман на Ванг Фуџијан, Ванг Денхонг, Жанг Шуај, Ксај Пенг.
Кинескиот Оркестар при Централниот Музички конзерваториум во Пекинг – Кина заснован во 1960-те години го сочинуваат младите талентирани студенти на Одделот за традиционалните инструменти. Во изминатиов период овој колектив бележи значаен подем, активно настапувајќи на домашните и странските подиуми и достојно претставувајќи го Конзерваториумот – една од водечките музичко-образовни институции во Кина и во свет.
Оркестарот на кинеската музика им нуди на изведувачите различни можности за настапи и стекнување сценско искуство. Оркестарот изведува музика од современите кинески композитори кои создаваат дела за традиционалните инструменти, соработувајќи со истакнатите музичари-изведувачи и е постојан учесник на различните фестивали, како Меѓународниот фестивал на млади музичари во Јапонија и Пекинскиот фестивал на современата музика. Во последните години со оркестарот настапуваат истакнатите диригенти: Wang Fujian, Yan Huichang, Peng Jiapeng, Ye Cong, Liu Sha, Zhang Lie, Xu Zhijun и др.
Оркестарот има остварено повеќе снимки на своите концерти со различните жанрови на кинеската музика.