Само еден месец од уште едно ново и возбудливо издание на фестивалот за електронска музика и медиумска уметност Де:сонанц најавуваме уште еден артист што ќе се претстави пред скопската публика.
Тоа е Кенгдинг Реј / Kangding Ray, една од водечките фигури на светски познатата германска етикета
Роден е во Франција, но живее и работи во Берлин. Kangding Ray еволуирал како гитарист и тапанар во бендови кои биле под влијание на нојз-рок музиката и џезот, а откако купил семплер се преориентирал кон електронската музика. Музиката го одразува неговото богато музичко искуство, спојуваjќи ги на посебен начин битовите со амбиенталните звуци во бавни композиции коишто потоа се развиваат во одлични музички парчиња.
Kangding Ray на суптилен и ритмичен начин комбинира машини со „вистински инструменти“, вклопувајќи звуци, дисторзии, масивни бас линии, вокали и теренски снимки создавајќи техно музика со мрачна текстура, која секогаш се наоѓа на работ меѓу експерименталната музика и клупската култура. Kangding Ray се фокусира на перцепцијата на звукот и просторот, на границата меѓу архитектурата, звукот и уметноста. Неговите дела, кои опфаќаат аудиовизуелни перформанси, звучни инсталации, автономни машини или концептуални цртежи, можат да се дефинираат како „обид да се изрази звукот како форма во движење“.
Освен тоа, на фестивалот ќе се претстават и неколку македонски артисти, ќе биде прикажана кратка филмска програма, а ќе се одржи и работилница со локални артисти чии резултати исто така ќе бидат претставени пред публиката.
Фестивалот ќе се одржи на 27 и 28 септември во Кинотека на Mакедонија и Сити хол центарот во Скопје.